• сабота, 27 април 2024

МИА Најави - МКД (ДПЛ)

МИА Најави - МКД (ДПЛ)

9 април 2024 

Скопје - Дополнителниот заменик министер за финансии Елена Петрова ќе одржи брифинг за новинари на тема „Реализација на Буџетот за 2024 год.”. (во Министерството за финании, 10-ти кат/ 11:30)

Скопје - Уставниот суд  ќе ја одржи 12-тата седница. (Уставен суд/09:30)

Скопје - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски ќе оствари средба со Националниот совет на инвалидските организации на Македонија - НСИОМ. (ДХО Даре Џамбаз, https://maps.app.goo.gl/89FmxuN9Nk2GDLo97, изјави за медиумите по средбата / 13:45)

Скопје - Јавното претпријатие за железничка инфраструктури Железници ќе одбележи 151 година на Македонски железници. (Кино Сала кај Железничко - патничката станица/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија. (простории на Видеолотарија Касинос Австрија, бул.„Киро Глигоров“ број 2, во премиум зградата Мерцедес, кат 2/12:00) 

Штип - Втор проектен состанок и обука на наставници во рамки на Меѓународниот Еразмус + проект „Роботика и инклузија на ученици со попреченост во специјалното образование“ во организација на Факултетот за информатика. (Тренинг центар на УГД , Правен факултет, изјави за медиуми/12:30)

Скопје - Разговор со писателката од Хрватска, Дора Шустиќ. (Кафе-книжарница Буква/19:30)

Скопје - Затворање  на 4. Фестивал на грчки филм со проекција на филмот  „Жена-Убиец / Фониса“ на Ева Натена. (Кинотеката на Северна Македонија./20:00)

Скопје - Отворање изложба на слики од Ратко Панчевски. (КИЦ, Салон Империјал 1и 2/20:00)

Скопје - Прес-конференција на Ракометниот клуб Вардар 1961. (Сала за прес - конференции во СЦ „Јане Сандански“/11:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024:

Македонска Каменица/Пехчево/Берово/Делчево - Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван низ земјава ќе одржи средба со граѓани во Македонска Каменица (Парк на рударите до плоштадот во Македонска Каменица/16:00), во Пехчево (центар на Пехчево/17:30), како и митинзи во Берово ( Градски плоштад во Берово/18:30) и во Делчево (Плато пред Дом на АСНОМ во Делчево/20:00, митингот ќе се пренесува во живо на фб)

Скопје - Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи, ќе одржи отворена дискусија на тема: Граѓански устав vs. Oхридски устав. (Стара Скопска Чаршија, локал “n'Lule t'Çarshisë”, заден влез/ паркинг на хотел Буши/11:00, прес-конференција на кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи по дискусијата/11:30)

Теарце/Брвеница/Ѓорче Петров/Куманово - Кандидатот за претседател од  ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Теарце, Брвеница, Ѓорче Петров, Куманово. (16:00/17:30/18:30/20:30)

Јегуновце/Теарце/Брвеница/Тетово - Кандидатот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата „Манифест за Македонија“. (Јегуновце/16:00, изјава/16:25, Теарце/17:00, Брвеница пред Штабот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија/18:30, Дом на АРМ, Музеј-АРМ Тетово/19:30)

Скопје- Кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска и носителот на пратеничка листа во ИЕ2 Амар Мециновиќ ќе ја презентираат програмата во Автокоманда, Општина Гази Баба. (пред канцеларијата на Левица на ул.„ Јани Лукровски“ бр.10/17:00) 

Неготино -  Кандидат за претседател од Левица, Билјана Ванковска и носителот на листа во ИЕ 4. Сашко Јанчев ќе имаат средби со граѓани каде ќе ја презентираат својата програма (18:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан