• вторник, 07 мај 2024
МИА Најави МКД

27 април 2024 

 

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери,  присуствува и ќе се обрати на свечената промоција на новите полициски службеници во Центарот за обука во Идризово при Министерството за внатрешни работи. (Центар за обука на МВР во Идризово/11:00, пристигнување на медиумите/10:30, во живо на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи https://www.facebook.com/mvr.gov.mk, не се предвидени изјави)

Скопје - Одбележување на Европската недела на имунизација под мотото „Заштитуваме генерации“, во организација на Министерството за здравство, СЗО и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ). (Градски парк, Школка/11:30)

Скопје - Здружението „Хуманитарно Културен ФЕНИКС“ од Скопје и  Универзитетот „Скопје“ ќе одржат настан насловен „27-ми април, лето Господово 2017-то“. (Амфитеатар на Универзитет „Скопје“/12:00)

Скопје - Финална сесија: Презентација на препораки во организација на ЗИП Институт. (х.„Солун/12:00)

Битола - Прес-конференција за проектот: Младите за соживот и мултиетничка толеранција „ЗАЕДНО“. (р.Премиер центар Битола, долна сала/13:00)

Скопје - Хуманитарен настан „Хуман Велигден за сите“ наменет за лицата со церебрална парализа. (Веро центар/10:00) 

Скопје/Охрид - Караванот „Не е до нив, до тебе е“ со стенд ап настап на актерот Бојан Кирковски во Скопје. (Градски парк, фонтана „Лотосов цвет“/12:00) и во Охрид (Плоштад ‘’Св. Климент Охридски‘‘/18:30) 

Скопје - Финален натпревар на RoboMac 2024. (ФЕИТ, амфитеатар/17:00)

Скопје - Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“. (Едукативен културен центар Лабораториум/21:00)

Скопје - Концерт на  Black Symphony - METALLICA SYMPHONIC TRIBUTE. (Арена Борис Трајковски/20:00)

 

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024:

Крушево - Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, ќе има средба со граѓани во Крушево (Градски парк во Крушево/18:00)  

На 27 и 28 април, кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, ќе има средби со граѓани во Охрид и струшко-охридскиот крај, како и во општина Маврово-Ростуше.

Чешиново-Облешево/Зрновци/Виница/Кочани - Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Чешиново-Облешево (17:00), во Зрновци (18:00), во Виница (19:00), и во Кочани (20:30)

Скопје - Носителот на ИЕ 2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, ќе даде изјава за медиумите. (Пред влезот на Собранието на Република Северна Македонија/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија. (Седиште на  Движењето ЗНАМ За наша Македонија, ул.„Климент Охридски бр. 66/13:00)

Кичево - Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ќе оствари средби со граѓаните во Кичево (р.„Арабела“/15:00) и во Општина Пласница (17:00)

_________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан