• недела, 22 декември 2024

Бектеши: Европскиот фронт нема да влезе во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Бектеши: Европскиот фронт нема да влезе во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Скопје, 26 април 2024 (МИА) – Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Бектеши рече дека постои документ на кој се потпишани Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и Али Ахмети од ДУИ, во кој пишува дека политичките партии што се потписници нема да прават коалиција со политичка партија која нема да ги направи уставните измени такви какви што се моментално предложени.

Исто така, додава Бектеши, во документот стои дека нема да коалицираат со политичка партија која јавно искажува ставови против членување на нашата држава во Европската Унија и е кочничар на интеграцијата на нашата држава.

- Мислам дека другите потписи се од Влен и од Европскиот фронт, но за господинот Таравари и господинот Ахмети знам, бидејќи знам конкретно и кој го доставил документот, како го доставил, кој му бил ставот и кога е потпишан бидејќи, како близок соработник на господинот Ахмети и сум учествувал на такви средби, рече Бектеши. ар/нд/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан