• среда, 08 мај 2024
Од верските календари

27 април 2024 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 aприл.

Денеска е Св. Мартин Исповедник.

Свети Мартин живеел во седмиот во седмиот век, во Рим. Неговиот живот, исто како и животот на свети Максим Исповедник го одбележа борбата против еретиците монотелити. Императорот Констанс, кој ги поддржуваше еретиците со симна Мартин од катедрата и го доведе на суд во Цариград. Оттаму беше испратен на заточение во Херсон (денешен Крим) каде по две години се упокои, до крајот останувајќи верен на вистинското исповедување, подоцна потврдено на вселенски собор.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословена Озана Которска.

Била родена во 1493 година, во Црна Гора. Во Котор, додека ја слушала проповедта за маките на Исус на крстот, одлучила за љубовта кон Исус животот да го помине во ќелија. Во ќелијата, Озана Которска живеела 52 години и умрела во 1565 година.

###

Остани поврзан