• четврток, 19 декември 2024

Борел: Израелската офанзива врз Рафа само ќе ја влоши катастрофалната хуманитарна криза 

Борел: Израелската офанзива врз Рафа само ќе ја влоши катастрофалната хуманитарна криза 

Брисел, 7 мај 2024 (МИА) – Израел минатата ноќ започна копнена офанзива врз Рафа и покрај предупредувањата да не го прави тоа, што дополнително ќе ја влоши катастрофалната хуманитарна состојба во Газа, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното во Брисел на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри задолжени за развојна и меѓународна соработка. 

- И покрај сите повиците од страна на меѓународната заедница, САД, земјите членки на ЕУ... до израелскиот премиер (Бенјамин) Нетанјаху да на ја напаѓа Рафа, нападот почна минатата ноќ. Се плашам дека тоа ќе предизвика многу цивилни жртви, додаде Борел. 

Тој нагласи дека претходно Хамас се согласил на предложениот план за прекин на огнот во Газа, но оти тој бил одбиен од страна на Израел, по што сега уследи израелската офанзива во Рафа. 

- Не можам да ја замислам хуманитарните загуби што таа ќе ги предизвика. Јасно е дека продолжувањето на војната ќе предизвика нова катастрофална хуманитарна криза, поголема отколку што е сега. Останува да видиме како да се справивме со последиците од оваа ситуација, истакна Борел.  

Борел најави дека за политичката димензија на најновите случувања на Блискиот Исток ќе стане збор на следниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ, без да прецизира кога ќе се одржи. 

Тој најави дека на денешната средба ќе стане збор и за начините за поддршка на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), за обезбедувањето средства за реализација на Планот за Украина, како и за случувањата во Судан. сп/

Фото: ЕБС

  

Остани поврзан