• понеделник, 29 април 2024

Меѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци

Меѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци

Кавадарци, 27 март 2024 (МИА) - Меѓународен натпревар за камерна музика се реализира во Кавадарци, организатор е основното општинско музичко и балетско училиште  ,,Лазо Мицев - Рале, а покровители на настанот се градоначалникот и Советот на Општината. 

- Станува збор за 12 по ред натпревар, за основни и средни училишта од земјава и странство. Учествуваат вкупно околу 400 учесници, во повеќе дисциплини. За најдобрите одлучува стручна комисија, информираа попладнево организаторите на натпреварувањето. 

Натпреварот за традициските состави, се одржа во музејот ,,Куќа на мирисот и вкусот". свд/


Фото: Музеј на мирис и вкус

Остани поврзан