Кавадарци објави повик за избор на најдобар бизнис план изработен од ученици во средните училишта во општината
- Локална самоуправна Кавадарци објави повик за избор на најдобар бизнис план изработен од ученици во средните училишта во општината, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Кавадарци, 29 април 2024 (МИА) - Локална самоуправна Кавадарци објави повик за избор на најдобар бизнис план
изработен од ученици во средните училишта во општината, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- Бизнис плановите треба да бидат изготвени согласно стандардите за пишување на бизнис план. Јавниот повик е отворен до 15 мај оваа година. Трите најдобри бизнис планови ќе добијат парични награди. Првата, 12.000 денари, втората 9.000 и третата, 6.000 денари. Истовремено, најдобрите бизнис планови ќе имаат и можност за дополнителна менторска поддршка, од Агенцијата за вработување, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Бизнис плановите ќе ги оценува стручна комисија. свд/дма/
Фото : МИА архива