• среда, 25 декември 2024

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопје, 29 април 2024 (МИА) - Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.свс/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан