Македонскиот јазик, традиција и култура претставени во „Јахја Кемал” во рамки на „Неделата на јазиците“
- Македонскиот јазик, литература, традиција и култура беа претставени на „Неделата на јазиците” што се одржа во училиштето „Јахја Кемал” во Струга.
Струга, 25 декември 2024 (МИА) - Македонскиот јазик, литература, традиција и култура беа претставени на „Неделата на јазиците” што се одржа во училиштето „Јахја Кемал” во Струга.
- Учениците од основното и средното училиште „Јахја Кемал“ преку бројни проекти го претставија развојот на македонскиот јазик и литература преку Крсте Петков Мисирков и Блаже Конески до денес, соопшти училиштето.
Посочуваат дека учениците ја испочитувале и македонската историја, македонската носија и традиционалната вкусна македонска храна на која никој од гостите не останал рамнодушен. сс/сст/
Фото: „Јахја Кемал“