• среда, 08 мај 2024

КУД „Бранко Чајка“ од Тетово настапи на фолклорната манифестација „Абрашевиќ во пресрет на Велигден“ во Краљево

КУД „Бранко Чајка“ од Тетово настапи на фолклорната манифестација „Абрашевиќ во пресрет на Велигден“ во Краљево

Тетово, 29 април 2024 (МИА) - КУД „Бранко Чајка“ при Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово, викендов имаше настап на Детскиот фолклорен фестивал „Абрашевиќ во пресрет на Велигден“ во Краљево, Република Србија.

Оваа манифестација има долгогодишна традиција, а учествуваат детските играорни групи од културно-уметничките друштва. Покрај домаќините КУД „Абрашевиќ“ од Краљево, на фестивалот учествуваа и УЗННТ „Златибор“ од Чајетина, КУД „Студеница“ Ушќе, КУД „Абрашевиќ“ од Врњачка Бања, КУД „Прва петолетка“ од Трстеник, сите од Србија, како и КУД Банат“ од Сегедин, Унгарија, додека Македонија ја претставуваше КУД „Бранко Чајка“ од Тетово.

- Манифестацијата започна со ревијален собир на сите учесници пред Соборната црква во центарот на градот во присуство на голем број на граѓани кои беа собрани да одбележат големиот христијански празник „Лазарева сабота“. Сите учесници на фолклорниот фестивал, со шаренилото на своите народни носии од својот крај и со настап на дел од учесниците, го збогатија одбележувањето на еден од празниците кои му претходат на големиот празник Велигден, информираше Соња Андонов, претседателка на Здружението.

Во големата сала на „Домот на војската“ во Краљево, се одржал целовечерен концерт на кој учествувале повеќе културно уметнички друштва со презентација на дел од својата програма.

-КУД „Бранко Чајка“ настапи два пати. На првиот настап играорците од Тетово се претставија со сплет македонски ора, додека на вториот настап беа изведени неколку српски ора. Публиката со големо внимание ги проследи настапите кои беа поздравени со долготраен аплауз. По завршувањето на концертот следуваше заедничко дружење на сите учесници на вечерта. Покрај ова, истата вечер имаше средба на раководителите на културно-уметничките друштва коишто настапија на фестивалот при што се разменија искуствата и се воспоставија контакти за натамошна соработка. Следниот ден, на Цветници, организаторот на фестивалот за нашите учесници организираше посета на манастирот Жича којшто се наоѓа во непосредна близина на Краљево како и прошетка во познатото бањско одморалиште Врњачка Бања, информираше Соња Андонов.

Оваа година, покрај домаќините КУД „Абрашевиќ“ од Краљево, на фестивалот учествуваа и УЗННТ „Златибор“ од Чајетина, КУД „Студеница“ Ушќе, КУД „Абрашевиќ“ од Врњачка Бања, КУД „Прва петолетка“ од Трстеник, сите од Србија, како и КУД Банат“ од Сегедин, Унгарија, додека Македонија ја претставуваше КУД „Бранко Чајка“ од Тетово.

Учеството на оваа манифестацијата претставува проект од национален интерес во културата за 2024 година од меѓународната дејност на Министерството за култура на Република Северна Македонија.  ас/цр

Фото: Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан