• четврток, 18 април 2024

Меси побрз од Роналдо до бројката од прволигашки 500 голови

Меси побрз од Роналдо до бројката од прволигашки 500 голови

 

Мајами, 3 март 2024 (МИА) – Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа Орландо (5-0) во рамки на 2. коло во американската МЛС лига во натпревар во кој Лионел Меси придонесе со два гола и влезе во фудбалската историја.

Аргентинскиот фудбалер сега дојде до бројката од 500 прволигашки голови кои ги постигна на 587 натпревари, истиснувајќи од првото место на оваа листа Португалецот Кристијано Роналдо кому му беа потребни 654 натпревари за да постигне 500 голови.

Меси зад своето име има 474 голови во дресот на Барселона, 22 во дресот на ПСЖ, а уште четири постигна откако е член на Интер Мајами.

Паралелно со ова, Меси на дуелот против Орландо го постигна својот 15 гол во сите натпреварувања откако му се приклучи на Интер Мајами, а воедно дојде до вкупна бројка од 824 голови на клупски и репрезентативен план. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан