• петок, 22 ноември 2024

Сопственикот на Рома се откажа од купување на Евертон

Сопственикот на Рома се откажа од купување на Евертон


Рим, 19 јули 2024 (МИА) – Американскиот бизнисмен Ден Фридкин, кој е сопственик на калчолигашот Рома, се откажа од идејата да го англискиот прволигаш Евертон, пренесуваат денеска британските медиуми.
Според истите извори, причината за откажувањето се огромните финансиски обврски кои ги има Евертон.
Минатата сезона клубот од Ливерпул беше казнет двапати со одземање бодови поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј и беше на чекор до историско прво испаѓање од Премиер лигата.
„По долги разговори, дојдовме до заклучок дека фондот на Ден Фридкин нема да го купи Евертон. Преговорите ги започнавме со надеж и оптимизам, но работите се променија. Главниот проблем е финансиската состојба на клубот, која би ги комплицираме неговите планови Продолжуваме да бараме други опции“, се вели во официјалното соопштение на англискиот клуб. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан