• недела, 21 јули 2024

Васкез: Мбапе е роден да игра за Реал Мадрид

Васкез: Мбапе е роден да игра за Реал Мадрид

Мадрид, 20 јули 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лукас Васкез одговараше на новинарски прашња за трансферот на Килијан Мбапе во клубот.

Смета дека Французинот е посебен играч, еден од оние кои се родени да играат за Реал Мадрид.

-Неговиот трансфер е нешто неверојатно. Имаме возбудлива година пред нас. Додадовме многу талент на она што веќе го имавме со Вини, Родриго, Џуд...“, изјави Васкез за „АС“.

Вчера Лукас Васкез го продолжи договорот со Реал Мадрид до летото 2025 година.

Шпанскиот клуб го објави трансферот на Мбапе на 3 јуни. Фудбалерот потпиша договор до летото 2029 година. дс

Фото: Фејсбук/Реал Мадрид

Остани поврзан