• петок, 22 ноември 2024

Нов силен трансфер за Комо

Нов силен трансфер за Комо

Комо, 20 јули 2024 (МИА) - Дебитантот во Серија „А“, Комо, реализираше уште еден силен трансфер. По потписот на Пепе Реина, клубот објави дека потпишал договор со левиот бек Алберто Морено, кој доаѓа од Виљареал.

Поранешниот играч на Ливерпул потпиша договор со Комо до летото 2025 година, со тоа што неговиот договор автоматски ќе биде обновен на уште една година доколку се исполнат одредени услови, кои клубот не ги откри.

-Алберто е брз, агилен дефанзивец со добра техника, со големо меѓународно искуство, со оглед на тоа што играше во најдобрите лиги. Тој сигурно ќе ни биде корисен и среќни сме што го имаме, изјави тренерот Сеск Фабрегас. дс

Фото: Комо

Остани поврзан