• четврток, 09 април 2026

Денвер го победи Портланд, Јокиќ оствари трипл-дабл

Денвер го победи Портланд, Јокиќ оствари трипл-дабл

Денвер, 7 април 2026 (МИА) - Денвер го победи Портланд рано утрово во натпревар од регуларната сезона на НБА, со 137:132 во продолжение. Натпреварот се одигра во „Бол Арената“ во Денвер.

Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл - 35 поени, 14 скока и 13 асистенции.

Денвер, со резултат од 51-28 (победи-порази) е на 3. место во Западната конференција. 

Портланд е на 9. место, со резултат од 40-39. 

И двата тима обезбедија место во плејофот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан