• среда, 20 ноември 2024

Слот го загуби првиот натпревар на чело на Ливерпул

Слот го загуби првиот натпревар на чело на Ливерпул

Ливерпул, 20 јули 2024 (МИА) - Арне Слот го загуби својот прв натпревар на чело на Ливерпул кога „црвените“ загубија со 1:0 на Престон зад затворени врати.

Холанѓанецот го замени Јирген Клоп со 3-годишен договор и ги води тренинзите на „црвените“ веќе 2 недели бидејќи сака да почне да ја наметнува својата филозофија.

Натпреварот се одигра на тренинг базата на Ливерпул, а единствениот гол за тимот од Чемпионшип го постигна Роби Брејди со удар од можеби 40 метри кој беше навистина импресивен.

Слот користеше дури 25 играчи во судирот, вклучувајќи и некои од главните фигури предводени од Мохамед Салах. Египќанецот играше во првото полувреме и ја погоди стативата, а му се придружија Доминик Собослај, Харви Елиот и Кертис Џонс.

По паузата, во игра влегоа претежно млади играчи, иако мора да се признае дека Престон е многу напред во подготовките бидејќи сезоната во Чемпионшип започнува на 2-ри август, една недела пред почетокот на Премиер лигата.

За Ливерпул следува турнеја во САД и натпревари со Бетис, Арсенал и Манчестер Јунајтед. дс

Фото: Архива

Остани поврзан