• петок, 20 декември 2024

Ван де Зандшлуп го победи Надал: Шпанија губи од Холандија во Дејвис купот

Ван де Зандшлуп го победи Надал: Шпанија губи од Холандија во Дејвис купот

Малага, 19 ноември 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е поразен од Ботик Ван де Зандшлуп со 2:0, во сетови 6:4, 6:4 во четвртфиналето на Дејвис купот.

Самиот почеток на завршниот Дејвис куп турнир беше многу емотивен за Надал и сите присутни во Малага. Беше јасно дека еден од најдобрите тенисери во историјата можеби ќе го игра својот последен меч.

Двајцата играчи беа доста сигурни во нивните почетни сервис гејмови. Тоа траеше речиси до самиот крај на првиот сет, а потоа Ван де Зандшлуп стигна до брејк на 4:4. Холанѓанецот потоа рутински стигна до сет водство.

Добрата игра холандскиот тенисер ја продолжи на стартот од вториот сет, каде веднаш стигна до брејк. Надал не играше добро во тие моменти, а Ван де Зандшлуп стигна до водство од 4:1. Шпанецот успеа да возврати со еден брејк, но после тоа не се закани сериозно на сервисот на противникот кој стигна до триумфот.

Шпанија, која е домаќин на финалето на Дејвис купот, губи со 1:0 од Холандија. Наскоро на терен ќе излезе Карлос Алкараз и во случај да го совлада Талон Грикспор ќе се играат двојки. Според распоредот за шпанските двојки пријавени се Алкараз и Марсел Ганољерс, а Холандија ќе ја претставуваат Ботик Ван де Зандшлуп и Весли Колоф. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан