• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гоф објави крај на работата со агенцијата на Роџер Федерер

Гоф објави крај на работата со агенцијата на Роџер Федерер

Њујорк, 3 април 2025 (МИА) - Светската тенисерка број 3, Американката Кори Гауф објави дека ја завршува својата работа со агенцијата на Роџер Федерер „Тим8“.

- Возбуденa сум што ќе создадам нешто што ќе ми овозможи да преземам поголема одговорност за мојата кариера, а исто така да создавам нови можности за мене. Продолжувам да растам како спортист, претприемач и создавач на промени. Овој голем чекор напред, исто така, го означува крајот на неверојатното поглавје што го споделив со „Тим8“. Јас засекогаш ќе им бидам благодарна за тоа што го направија за мене и моето семејство. Ќе ми останат во убави спомени, напиша Гоф на социјалните мрежи.

Гоф работи со агенцијата „Team8“ од 2017. 

Дваесет и едногодишната Американка наводно планира да лансира сопствен бренд „Coco Gauff Enterprises“, под покровителство на „IMG“, кој ги претставува Серена Вилијамс, Карлос Алкараз, Ига Швјонтек и други тенисери. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан