• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Интер Мајами со Меси и Суарез загуби од Лос Анџелес во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите

Интер Мајами со Меси и Суарез загуби од Лос Анџелес во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите

Лос Анџелес, 3 април 2025 (МИА) - Интер Мајами рано утрово загуби Лос Анџелес со 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите во КОНКАКАФ.

Стрелец на единствениот гол на средбата во Лос Анџелес беше Нејтан Ордаз во 57. минута.

Напаѓачот на гостинската екипа Лионел Меси беше во стартниот состав и го одигра целиот натпревар. По 90 минути одиграа и поранешните играчи на Барселона, Луис Суарез, Серхи Бускетс и Жорди Алба.

Реваншот од четвртфиналето на турнирот ќе се одигра на 10 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан