Гвардиола останува во Сити до 2026 година
- Шпанскиот тренер, Пеп Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити за уште една година, пренесе авторитетниот Фабрицио Романо
Манчестер, 19 ноември 2024 (МИА) - Шпанскиот тренер, Пеп Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити за уште една година, пренесе авторитетниот Фабрицио Романо.
Гвардиола во Премиер лигата пристигна на 1 февруари 2016 година, а бидејќи ќе остане до јуни 2026 година, јасно е дека ќе „пробие“ една деценија. Тој ќе стане и тренер со најдолг стаж на клупата на Сити од Лес Мекдауел, кој ги водеше „граѓаните“ од 1950 до 1963 година.
Со клубот од „Етихад“, Шпанецот освои шест титули во англискиот шампионат, два ФА купа, четири Лига купа и најважната - Лигата на шампионите. Сити со него го освои и Суперкупот на УЕФА, како и Светското клупско првенство.
Во претходните месеци тој беше поврзуван со клупата на Англија по заминувањето на Герет Саутгејт, како и со селекторската функција во Бразил.
Гвардиола и Сити моментално се втори на табелата со пет бода помалку од првопласираниот Ливерпул. Актуелниот шампион викендов има дуел со Тотенхем, а следната недела дуел со „црвените“. дс
Фото: Архива