• понеделник, 01 јули 2024

Манчестер сити му понуди нов договор Родри

Манчестер сити му понуди нов договор Родри
Манчестер, 28 март 2022 (МИА) - Манчестер сити му понуди на играчот од средниот ред Родри нов, попрофитабилен договор. Како што објави „Дејли мејл“ клубот сака да го продолжи актуелниот договор на фудбалерот кој е со важност до 2025 година. „Граѓаните“ на Родри му нудат поповолни услови, односно 125.000 фунти неделно наместо сегашните 70.000 фунти. Договорот може да биде продолжен до 2026 година. Се очекува 25-годишниот фудбалер да ја прифати понудата на Сити. Оваа сезона Родри учествуваше на 24 натпревари, постигна три гола и забележа една  асистенција. зс/

Остани поврзан