• вторник, 05 ноември 2024

Лишен од слобода дебранец поради обљуба врз малолетничка

Лишен од слобода дебранец поради обљуба врз малолетничка

Дебар, 22 август 2023 (МИА) – Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи-Дебар лишиле од слобода дебранец поради обљубена малолетничка.

- Вчера во 19.00 часот, по претходна консултација со јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Л.Р.(28) од Дебар. Тој се сомничи дека во неговиот дом извршил обљуба над малолетничка, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Се дознава дека девојчето било на 15-годишна возраст. вт/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан