• петок, 22 ноември 2024

Кривична пријава против две физички и две правни лица од Скопје за повеќе сторени кривични дела

Кривична пријава против две физички и две правни лица од Скопје за повеќе сторени кривични дела

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднел  кривична пријава против Н.Т.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување", „фалсификување на исправа" и „злоупотреба на лични податоци", против правно лице со дејност во сателитската комуникација и емитување телевизиски програми од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци" и „фалсификување исправа". Кривична пријава е поднесена и против К.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина" и против правно лице - регистрирано за курирски услуги од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина".

Првопријавениот Н.Т., управител на второпријавеното правно лице во текот на оваа година, во повеќе наврати злоупотребил лични податоци на вкупно 588 лица, корисници на услуги, на кои што претходно им истекле договорите за користење на услугите од правното лице и со тие лични податоци склучил фиктивни договори како наводно да се склучени нови 588 договори за користење на услуги со второпријавеното правно лице за емитување сателитски телевиски програми.

- Врз основа на овие фиктивни договори, од второпријавеното правно лице, по неколку испорачани фактури трансферирал 1.637.080 денари на четвртопријавеното правно лице со кое што имал склучено договор за деловно - техничка соработка за наводна монтажа и демонтажа на сателитска опрема, за наводно склучените договори. Третопријавениот К.А., како управител на четвртопријавеното правно лице, уплатените парични средства ги вадел и ги давал во готово на првопријавениот Н.Т., се наведува во соопштението од МВР. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан