• сабота, 04 јануари 2025

Истрага за пронајдена марихуана во Тетово

Истрага за пронајдена марихуана во Тетово

Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица за кого постои основано сомнение дека сторил „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што информираат од Обвинителството, на 30 декември во својот автомобил држел пакувања со вкупно 50,13 грама наркотична дрога марихуана.

-Кога полициски службеници во Тетово го запреле за проверка, тој дел од дрогата фрлил преку прозорецот на автомобилот, а едно пакување му било пронајдено во неговата патика, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан