• сабота, 04 јануари 2025

Пролонгирани два лета на Скопскиот аеродром

Пролонгирани два лета на Скопскиот аеродром

Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - Авиолинијата Скопје - Истанбул утрово ќе се реализира со задоцнување. Според веб страницата на ТАВ Македонија, авионот на „Пегазус“ што требаше да слета во Скопје во 9.55 часот, е одложен за 12.05, а пролонгирано е и неговото враќање за Истанбул од 10.50 во 13.00 часот.

За еден час е одложен и летот Истанбул - Скопје - Истанбул на компанијата AJET HAVAYOLLARI. Првично планиран за 11.25, авионот во Скопје треба да слета во 12.25, а наместо во 12.45, се очекува да се врати во Истанбул во 13.45.

Не е наведено дали причина за одложувањето е маглата во Скопје. Други измени на редот на летање, според веб страницата на ТАВ Макединија, засега нема. мч/бак/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан