Крводарителска акција во Кавадарци, обезбедени 39 крвни единици
- Триесет и девет крвни единици беа обезбедени во денешната доброволна крводарителска акција во организација на Црвен крст Кавадарци, а ја реализираше екипата од ИТМ Скопје.
Кавадарци, 30 мај 2024 (МИА) - Триесет и девет крвни единици беа обезбедени во денешната доброволна крводарителска акција во организација на Црвен крст Кавадарци, а ја реализираше екипата од ИТМ Скопје.
- Станува збор за успешна крводарителска акција што се одржа во салата на Собранието на Општина Кавадарци. Благодарност до сите крводарители кои даруваа крв, до екипата на ИТМ Скопје за соработката, до градоначалникот на Општина Кавадарци заедно со вработените, рече Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст.
Тој нагласи дека голема е хуманоста на кавадарчани и росоманчани, благодарение на што, Општинската организација на Црвен крст Кавадарци е на врвот по крводарувања во државата. свд/дма/
Фото : Црвен крст Кавадарци