Димитриеска-Кочоска: Раст на БДП од 3,8 отсто во третиот квартал, она што го работевме напорно, ги дава своите резултати
- Она што во изминатата година и половина го работевме напорно со главна цел реструктуирање на економијата, денеска ги дава своите резултати. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, реалниот раст на Бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,8 отсто. Ова претставува дополнително забрзување на економската активност, по растот од 2,9 отсто во првиот и 3,5 отсто во вториот квартал годинава. Притоа, растот од 3,8 отсто е еден од највисоките во последните неколку години. Во споредба со земјите од регионот и од ЕУ, согласно податоците за третиот квартал за 2025 година, Македонија е на трето место по раст на БДП, при што повисок раст е забележан во Ирска и Данска, соопшти на денешната прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.