• среда, 08 април 2026

Во Битола отворена изложба посветена на македонскиот сликар Перо Спироски Пипо

Во Битола отворена изложба посветена на македонскиот сликар Перо Спироски Пипо

Битола, 7 април 2026 (МИА)

Во битолската галерија „Ранко Струмениковски“ синоќа беше отворена ретроспективна изложба посветена на истакнатиот македонски сликар Перо Спироски – Пипо (1928–1995), маркантен претставник на првата повоена генерација македонски современи сликари со академско образование и член на познатата уметничка група ВДИСТ.

Изложбата содржи стотина дела создавани во полвековно активно и плодно сликарско творештво - пејзажи, актови, портрети и апстрактни композиции  и претставува настан од исклучително уметничко значење за македонската ликовна сцена. 

Македонскиот сликар Спировски бил и член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ДЛУМ, остварил бројни самостојни и групни изложби во Белград, Загреб, Љуљана, Марибор, а учествувал и на ликовната колонија Почитељ во Босна и Херцеговина. мт/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан