• вторник, 17 декември 2024

Ковачевски: Правиме се безбедно да се евакуираат нашите државјани од Израел, воспоставен е контакт со 50-тина

Ковачевски: Правиме се безбедно да се евакуираат нашите државјани од Израел, воспоставен е контакт со 50-тина

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се прави сѐ за безбедно да се евакуираат сите македонски граѓани кои се наоѓаат во Израел. Како што посочи, остварен е контакт со 50-тина граѓани, но бројката се зголемува и се прават напори да се лоцираат.

-  Веќе дел од нашите граѓани се транспортирани со авион преку Тел Авив на Албанија, еден дел успеаја да излезат од Витлеем кон Јордан, меѓутоа имаме уште граѓани кои се таму. Пред да дојдам тука разговарав со министерот за внатрешни работи, имаме цел Кризен штаб којшто се наоѓа во Министерството за надворешни работи, мојот Кабинет контактира со нашите земји соседи и со другите партнерски земји коишто имаат авиокомпании што може да слетуваат на аеродромите во Израел или во околните држави, рече Ковачевски.

По случувањата во Израел, во Министерството за надворешни работи е формиран кризен штаб чија задача е да ги следи и координира сите постапки поврзани со нашите државјани, на кои им е потребна помош или асистенција, за нивно безбедно евакуирање.

Синоќа со посебен лет од Израел пристигнаа 40 албански, македонски и косовски државјани на аеродромот во Тирана. бд/бак/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан