• петок, 12 декември 2025

УХМР: Најстудено утрово во Берово

УХМР: Најстудено утрово во Берово

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Најстудено утрово е во Берово, четири степени под нулата.

Како што информира УХМР, минусни температури утрово се измерени и во Скопје-Петровец и Битола (-3), Тетово, Штип и Струмица (-2) и Крива Паланка, Демир Капија и Mаврови Анови ( -1).

Нула степени се измерени во Прилеп, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Претор, 2 степена во Виница, Kрушево и на  Попова Шапка и 5 степени во Куманово.

Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 12 степени. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан