• петок, 12 декември 2025

Промоција на монографија за проф. Петре Т. Георгиевски - еден од пионерите на македонската социологија

Промоција на монографија за проф. Петре Т. Георгиевски - еден од пионерите на македонската социологија

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) – Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ денеска со почеток во 18 часот ќе биде промовирана монографијата „Професорот Петре Т. Георгиевски: Социологијата како професија и како вокација“, издание на „Матица македонска“ посветено на 85 години живот и 60 години научно-истражувачка работа на професорот.

Професорот Георгиевски се смета за еден од пионерите на македонската социологија, а монографијата го претставува неговиот придонес во развојот на науката и академската заедница.

Изданието содржи анализа на значајни трудови на Георгиевски, искази од колеги од Балканот и Европа, како и бројни прилози.

Автори на монографијата се научните работници Златко Жоглев и Ружица Цацаноска, а промотори ќе бидат д-р Драгољуб Б. Ѓорѓевиќ, д-р Петар Атанасов и д-р Драган Тодоровиќ. ар/хс/


Фото: Матица македонска 

Остани поврзан