• петок, 12 декември 2025

ВРЕДИ: Неконтролираните трошоци на ДУИ ја уништија општина Сарај

ВРЕДИ: Неконтролираните трошоци на ДУИ ја уништија општина Сарај

Скопје, 12 декември 2025

По повеќе од еден месец работа, вистината за тоа како беше уништена Општина Сарај сега е пред граѓаните, се вели во соопштението од ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално.

Близу 4 милиони евра долгови, сомнителни договори и нерегулирани трошоци се наследството што го пронајде градоначалникот Мухамед Елмази. Ова не е изолиран случај, туку модел на лошото владеење на ДУИ со години секаде каде што имало власт без контрола и без отчетност. Сарај е најчистиот пример за начинот на кој ДУИ управувала со општините, без ред, без одговорност и со логика дека институциите се третираат како лични феуди на нивните групи.

Денес, Сарај започнува од нула, со финансиски ред, со целосна транспарентност и со администрација што работи само за граѓаните. ВЛЕН го поддржува секој чекор на градоначалникот Елмази за документирање на злоупотребите и испраќање на сите случаи до надлежните органи. Никој нема да биде заштитен и ниедна злоупотреба нема да биде скриена.

Граѓаните на Сарај ќе ја видат разликата помеѓу она што ДУИ го остави зад себе, долгови, сомнителни договори и хаос, и она што носи ВЛЕН, ред, одговорност и јавна служба.

ВРЕДИ

Фото: МИА архива

Остани поврзан