• среда, 19 јуни 2024

Карбинци се подготвува за одбележување на 28 години од постоењето на општината

Карбинци се подготвува за одбележување на 28 години од постоењето на општината

Штип, 11 јуни 2024 (МИА) - Се е подготвено за празнување на празникот  Спасовден во Општина Карбинци изјави денеска градоначалникот Виктор Паунов. Посочи дека празникот Спасовден е поврзан и со прославата на 28 години постоење на општината. Паунов истакна дека имаат Програма, а сите активности се во финална фаза. Одбележувањето на празникот и 28 годишниот јубилеј од постоењето на општината ќе го почнат со одржување на свечена седница на Советот на Општина,а потоа продолжуваат и спортските активности односно турнирот во борење и финалниот во  мал фудбал. Во 21 часот на стадионот во село Карбинци ќе се одржи концертот на групата „Некст тајм“.

-Започнувајќи од утрото со една свечена седница потоа во духот на спортските акивности ќе има турнир во борење кој ќе го организират двата боречки клуба од Карбинци, а потоа веќе во вечерните часови ќе заврши оној финален ден во турнирот во мал фудбал во Карбинци и вечерва од 21 часот започнува она манифестација, концертот на „Некст тајм“ каде што очекувам навистина голем број на публика настанот ќе се одржи на стадионот во село Карбинци. Така што година имаме поразлична манифестација од онаа што сме навикнати да ја гледаме од годините, изјави Паунов

Тој упати покана до сите граѓани кои се во можност да го проследат концертот но и да ја посетат Општината.

-Упатувам јавна покана секој кој што е во можност да дојде да не посети и да си поминеме добро и незаборавно, нормално да го одбележиме празникот онака како што го замислуваме, рече Паунов. вдј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан