• сабота, 28 септември 2024

Општина Карбинци се подготвува за празникот „Света Троица

Општина Карбинци се подготвува за празникот „Света Троица

Карбинци, 19 јуни 2024 (МИА) - Празникот „Света Троица“ традиционално и оваа година ќе се прослави со пригодна манифестација во село Таринци, Општина Карбинци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на денешната прес-конференција рече дека за празникот се подготвува богата музичка програма која се очекува дека ќе го задоволи вкусот на посетителите. Оваа година главна ѕвезда на вечерта ќе биде Влатко Лозаноски. 

-Во пресрет на празникот „Света Троица“ ова е вториот празник кој што го празнуваме, практично село Таринци во општина Карбицни, ќе имаме, исто така, богата музичка програма. Она што сакам да го најавам за јавноста е дека во сабота во пресрет на празникот ќе можеме да бидеме сведоци на една музичка прослава. Односно во селото Таринци ќе се одржи концерт каде што главна ѕвезда на вечерта  ќе биде Влатко Лозаноски, вели Паунов.

Концертот ќе се одржи во сабота на 22 јуни со почеток во 21:00 часот во село Таринци. Во оваа прилика градоачалникот Паунов упати јавна покана до сите заинтересирани граѓани да дојдат и да бидат дел од концертот. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан