• понеделник, 01 јули 2024

Кавани кој остана без клуб не е повикан во репрезентацијата на Уругвај

Кавани кој остана без клуб не е повикан во репрезентацијата на Уругвај
Монтевидео, 3 октомври 2020 (МИА) - Репрезентацијата на Уругвај го објави составот за квалификациите за Светското првенство 2022 година. Напаѓачот Единсон Кавани, кој летово остана без клуб по истекот на договорот со ПСЖ, не е поканет во тимот. Исто така, повредениот главен голман Фернандо Муслера нема да дојде во националниот тим. Уругвај ќе игра на домашен терен против Чиле (8 октомври) и на гости со Еквадор (13 октомври) во квалификациите за СП 2022 година. Од напаѓачите репрезентативен повик добија: Хонатан Родригез, Луис Суарез, Кристијан Стуани, Макси Гомез, Дарвин Нуњез. зс/

Остани поврзан