• понеделник, 01 јули 2024

Саутгејт: Духот што го покажавме ни помогна да го надминеме предизвикот

Саутгејт: Духот што го покажавме ни помогна да го надминеме предизвикот

Гелзенкирхен, 30 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, беше многу задоволен од тешката победа на неговата репрезентација со 2:1 над Словачка по продолженијата во осминафиналето на ЕП 2024. 

Тој го истакна придонесот на играчите кои дојдоа од клупата за да им помогнат на „трите лава“. 

Заменикот Иван Тони беше тој што асистираше за победничкиот гол на Хари Кејн на почетокот на првото продолжение.

-Во текот на целиот турнир, играчите кои доаѓаат од клупата имаат големо влијание. Тие тренираат добро, како и сите момци, покажуваат добро ниво и играат важна улога во постигнувањето голови, како и стабилизирање на нашите перформанси на теренот. Денеска Езе мораше да игра на позицијата лев бек, го видовме Конор Галагер кој беше подготвен да оди напред, Езри Конса... Бев свесен дека Иван Тони не беше воодушевен што ќе биде замена. Кога го пуштив, му реков дека ова можеби е неговиот момент. Духот што го покажавме ни помогна да го надминеме предизвикот. Јасно е дека првото полувреме многу се боревме, но тие не притиснаа, полека ја движевме топката, а тие беа многу компактни во средината. На почетокот на вториот дел постигнавме убав гол, но беше поништен. За млад тим како нашиот, покажавме солидно трпение и не избрзувавме во одлуките и одигрувањата, изјави Саутгејт по натпреварот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан