• понеделник, 01 јули 2024

Англија нема пораз од Швајцарија цели 43 години

Англија нема пораз од Швајцарија цели 43 години

Дизелдорф, 30 јуни 2024 (МИА) - Англија на драматичен начин се пласираше во четвртфиналето на Евро 2024, победувајќи ја Словачка со 2:1 по продолженија.

„Трите лава“ веќе го знаат името на следниот противник, а тоа е Швајцарија. Сепак, статистиката покажува дека Британците треба да бидат прилично среќни поради овој факт.

Англија нема пораз од Швајцарија веќе 13 натпревари по ред. Последниот беше од далечната 1981 година или пред 43 години.

Друг интересен податок е дека „Трите лава“ ги добија последните пет пресметки со „крстоносците“. Последен пат се соочија во март 2022 година во пријателски натпревар кој Англичаните го добија со 2:1. дс

Фото: УЕФА ЕУРО 2024

Остани поврзан