• недела, 21 април 2024

Кавадарци меѓу првите општини со фотонапонски панели на јавните општински објекти

Кавадарци меѓу првите општини со фотонапонски панели на јавните општински објекти

Кавадарци, 27 март 2024 (МИА) - Општина Кавадарци е една од првите општини  во државата, која во 2022 година постави фотонапонски панели на сите јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час. За ова попладнево информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

- Во Кавадарци за првпат се реализира ваков иновативен проект со кој се придонесе кон заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, бидејќи овие фотонапонски системи работат на користење на обновливи извори на енергија, соопштија од Кабинетот на градоначалникот. 


Оттаму нагласија дека Кавадарци уште еднаш, со ова, покажа дека со домаќинско работење и со незначителни средства, се доаѓа до бенефит, што го користат граѓаните на Општина Кавадарци. свд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан