• сабота, 02 ноември 2024

Захарова: Состојбата на фронтот е монструозна и катастрофална за Зеленски

Захарова: Состојбата на фронтот е монструозна и катастрофална за Зеленски

Москва, 28 февруари 2024 (МИА) - Состојбата на фронтот за украинскиот претседател Володимир Зеленски е монструозна и катастрофална, дури и изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можноста за испраќање војска во Украина нема да помогне, изјави официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова за руски медиуми.

-Ситуацијата на фронтот за режимот во Киев е монструозна, катастрофална. Ништо не може да ги спаси: ниту отворени лаги со минимизирање на загубите, ниту фалење. Дали таа изјава постигна ефект? Сосема спротивно, рече Захарова.

Захарова додаде дека во позадината на изјавите на Макрон има многу изјави на претставници на земјите на НАТО и неговите структури дека на кој било начин не размислуваат за испраќање војници во Украина.

-Сигналот беше токму спротивен - дека тие ја предадоа Украина и ќе продолжат да ја користат и предаваат, рече таа.

Макрон во понеделникот изјави дека на состанокот во Париз, на кој претставници на дваесет западни земји разговарале за понатамошна поддршка на Украина во конфликтот со Русија, била покрената темата за можното испраќање копнени сили на западните земји во Украина. Според него, учесниците не постигнале консензус на оваа тема, но ваквото сценарио не може да се исклучи во иднина. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан