• понеделник, 23 декември 2024

Израел го подигна нивото на подготвеност на своите сили за цивилна одбрана во регионот Долна Галилеја

Израел го подигна нивото на подготвеност на своите сили за цивилна одбрана во регионот Долна Галилеја

Ерусалим, 2 ноември 2024 (МИА) - Израелската војска денеска соопшти дека ги актуелизирала одбранбените инструкции на командата на силите за цивилна одбрана, со што го подигнала нивото на подготвеност во Долна Галилеја и јужниот дел на Голан од „делумно“ на „целосно“.

Истовремено, армијата наведува дека во некои општини е дозволен собир до 2.000 луѓе.

Како што наведуваат странските агенции, промените ја одразуваат загриженоста на Израел за безбедноста на своите граѓани во време кога се водат борби меѓу израелските сили и либанската група Хезболах. паг/

Фото: Икс

 

Остани поврзан