• петок, 22 ноември 2024

Во Џорџија гласале повеќе од четири милиони избирачи за време на предвременото гласање

Во Џорџија гласале повеќе од четири милиони избирачи за време на предвременото гласање

Aтланта, 2 ноември 2024 (МИА) - Канцеларијата на државниот секретар на Џорџија соопшти дека до денеска, за време на предвременото гласање, лично или по пошта, во оваа сојузна држава гласале 4.004.588 избирачи.

„Ова беше најуспешниот период на предвремено гласање во историјата на Џорџија бидејќи гласачите му веруваат на процесот. Ние сме проверени и подготвени, без разлика што велат критичарите. И ние ќе бараме одговорност од оние што се мешаат во нашите избори“, рече секретарот Бред Рафенспергер.

Изборните претставници на Џорџија изјавија дека 92 окрузи ја надминале излезноста од 50 отсто за првпат во историјата на државата. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан