• четврток, 30 мај 2024

Во штипското електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ инвестирани над четири милиони денари

Во штипското електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ инвестирани над четири милиони денари

Штип, 14 декември 2023 (МИА) - Во штипското електро-машинско училиште инвестирани се над четири милиони денари, со цел подобри услови за настава за учениците и професорите. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорката на Средното општинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“-Штип, Јованка Шалева на денешната прес-конференција истакнаа дека се поставени  фотоволтаици и на овој објект.

-Во ова училиште имаме поставување на фотоволтаични панели на кровната конструкција, во изминатиот период се извршија одредени реконструкции и активности во однос на замена на заштитната ограда, поставени се смарт табли, исто и дворната површина. Инвестиции кои се за поздравување и кои ќе значат за подобрување на условите за настава, вели Јорданов.

Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“, Шалева, додаде дека за годината што изминува инвестициите од општината во оваа училиште се значајни. Според неа, поставената фотоволтаична централа во идеални услови може да произведува 40 киловати на час електрична енергија, којашто во одредени делови од годината ќе биде и повеќе од доволно за потребите на училиштето.

-Тоа значи дека истата ќе се враќа во дистрибутивниот систем на мрежата на ЕВН, ќе се компензира вишокот и на крај нашиот трошок буквално ќе се сведе на нула денари. Тоа значи дека и во наредната година ние можеме да инвестираме во подобрување на условите за работа во училиштето и набавка на опрема за нашите кабинети, вели Шалева.

Таа додаде дека во ова училиште постојано се инвестира во кабинетите, а во моментов се реконструираат  два кабинети за машинската струка, набавена и ЦМЦ машина, која за кратко време овозможи поголеми знаења на учениците. Шалева рече дека реконструиран е и дел од спортската сала, а набавена е и фитнес опрема.

-Во план е набавка и на друга опрема за кабинетите, но, тоа ќе биде наредната година, рече Шалева. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан