• среда, 18 декември 2024

Гаши: Првата собраниска седница ќе биде за измена на системските закони за формирање нови министерства

Гаши: Првата собраниска седница ќе биде за измена на системските закони за формирање нови министерства

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши најавува дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници. 

- Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет, шест месеци и после за седум, осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере со четиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно, вели Гаши во интервју за Радио Слободна Европа. 

За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

Градоначалниците на Гостивар, Арбен Таравари и на Аеродром, Тимчо Муцунски се меѓу оние кои се споменуваат дека ќе направат трансфер од локалната во извршната власт. Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети стана пратеник од редовите на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ. ев/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан