Во Кавадарци изложба на дела од Леетив Намдаг Жанчиви, почесен конзул на Монголија во Македонија
- Изложба на дела од Леетив Намдаг Жанчиви, почесен конзул на Монголија во Македонија, ќе биде отворена денеска напладне во галеријата при Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе" во Кавадарци.
Кавадарци, 11 јули 2025 (МИА) - Изложба на дела од Леетив Намдаг Жанчиви, почесен конзул на Монголија во Македонија, ќе биде отворена денеска напладне во галеријата при Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе" во Кавадарци.
- Леетив Намдаг Жанчиви е дипломат, архитект, слободен уметник, моден дизајнер, поет, раскажувач, преведувач, како и почесен конзул на Монголија во Република Македонија. Дипломирал на Факултетот за архитектура во 1975 година на УКИМ „Кирил и Методиј“ во Скопје. Реализирал повеќе индивидуални и групни изложби од 1970-тите години до денес. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции и збирки на уметнички галерии и компании од Македонија, Монголија, Мексико и САД, соопштија од Домот на културата.
Намдаг Жанчиви учествувал на повеќе ликовни колонии, познат бил како донатор на своите уметнички дела во добротворни цели, а живее и работи во Скопје. свд/дма/
Фото : Фејсбук на Дом на култура Кавадарци