• петок, 28 јуни 2024

Бројот на загинати во силните поплави во јужен Бразил достигна 136

Бројот на загинати во силните поплави во јужен Бразил достигна 136

Рио де Жанеиро, 12 мај 2024 (МИА) - Бројот на загинати во силните поплави во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул достигна 136, соопшти бразилската цивилна одбрана, цитирана од британските медиуми. Уште 125 лица се водат како исчезнати.

Невремето и поплавите што ја погодија најјужната бразилска држава раселија речиси 537.000 луѓе, покажуваат податоците на цивилната заштита.

Речиси 446 локалитети и околу 2,1 милиони луѓе се погодени во државата со население од скоро 10,9 милиони.

Метеоролошката служба Мецул соопшти дека по кратко затишје, дождовите што ја зафатија државата во петокот повторно почнале да ги полнат реките и да создаваат „критична“ ситуација. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан