• понеделник, 23 декември 2024

Европските лидери ги избраа носителите на врвните функции во ЕУ

Европските лидери ги избраа носителите на врвните функции во ЕУ

Брисел, 27 јуни 2024 (МИА) – Лидерите на ЕУ доцна вечерва го одобрија предлогот договорен меѓу Европската народна партија, социјалдемократите и либералната група „Да ја обновите Европа“ за поделбата на врвни раководни позиции во Унијата, со што поранешниот португалски премиер Антонио Кошта е избран за претседател на Европскиот совет, актуелната претседателка на Европската комисија, Германката Урсула фон дер Лајен е номинирана за реизбор на функцијата, а естонската премиерка Каја Калас да биде е именувана за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. 

За целосно завршување на процесот на назначување на водечките функционери во ЕУ, Фон дер Лајен треба да биде избира од Европскиот парламент со мнозинство гласови од вкупниот број европратеници.  

Според дипломатски извори, италијанската премиерка Џорџа Мелони, која претходно изрази несогласување со договорот за распределба на највисоките позиции во ЕУ, се воздржала од гласањето за кандидатурата на Фон дер Лајен, а се изјаснила против изборот на Кошта и Калас. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан