• недела, 22 декември 2024

Калас: Чест ми е што сум кандидат за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност 

Калас: Чест ми е што сум кандидат за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност 

Брисел, 28 јуни 2024 (МИА) – Естонската премиерка Каја Калас порача дека е „почестена“ што е номинирана за кандидат за следен висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, нарекувајќи го тоа „огромна одговорност“. 

- Вашата доверба значи многу. Војната во Европа, зголемената нестабилност во нашето соседство и на глобално ниво се главните предизвици за европската надворешна политика, напиша Калас во објава на Икс. 

Таа додаде и дека и е „драго што ќе работи“ со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта. 

Лидерите на ЕУ доцна синоќа го избраа поранешниот португалски премиер Антонио Кошта за нов претседател на Европскиот совет, ја номинираа актуелната претседателка на Европската комисија, Германката Урсула фон дер Лајен за реизбор на функцијата и ја предложија естонската премиерка Каја Калас за кандидат висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан