• сабота, 04 мај 2024

Белорусија: Спречен напад од Литванија; Вилнус ги отфрла тврдењата

Белорусија: Спречен напад од Литванија; Вилнус ги отфрла тврдењата

Минск, 25 април 2024 (МИА) - Шефот на белоруската безбедносна служба Иван Тертел изјави дека службата спречила напад со дронови врз Минск, лансиран од Литванија.

„Комитетот за државна безбедност, во соработка со колегите од другите агенции за спроведување на законот, неодамна спроведе серија акутни безбедносни мерки, кои овозможија да се спречи нападот на борбени беспилотни летала од територијата на Литванија врз објекти во Минск и неговите предградија“, истакна Тертел.

Во врска со овие обвинувања, веднаш реагираше и армијата на Литванија, која во соопштение наведе дека не презела никакви непријателски дејствија против други земји. ссм/

фото: архива

Остани поврзан