• недела, 12 мај 2024

Почна Самитот на Организацијата за исламска соработка, утре ќе биде усвоена резолуција за Газа

Почна Самитот на Организацијата за исламска соработка, утре ќе биде усвоена резолуција за Газа

Банџул, 4 мај 2024 (МИА) - Неколку десетици функционери од муслиманските земји учествуваат на 15-тиот Самит на Организацијата за исламска соработка, што почна денеска во Банџул, Гамбија. Пред завршувањето на Самитот утре се очекува да биде донесена резолуција за војната на Израел против палестинското движење Хамас во Појасот Газа.


На Самитот учествуваат најголем дел од претседателите на 57-те земји-членки на Организацијата, а не учествуваат неколкумина од државите од Африка.


„Овој исламски самит доаѓа во контекст на сериозен развој на случувања без преседан во палестинската кауза, посебно упорноста на злосторствата и бруталната израелска воена агресија“, рече на почетокот на Самитот генералниот секретар на Организацијата, Хосеин Брахим Таха.

Еден ден претходно тој ги повика земјите-членки на Организацијата „да ги зголемат напорите и солидарноста во корист на палестинската кауза“ и додаде дека „резолуција за Газа“ мора да биде усвоена утре на крајот на Самитот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан