• четврток, 27 јуни 2024

Антивладини протести во Израел, демонстрантите бараат да се прифати договорот за прекин на огнот

Антивладини протести во Израел,  демонстрантите бараат да се прифати договорот за прекин на огнот

Тел Авив, 27 јуни 2024 (МИА) - Демонстранти во Тел Авив синоќа побараа оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху и прифаќање на договор за прекин на огнот со цел ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа.

Според Тајмс оф Израел, демонстрантите блокирале автопат во Тел Авив, предизвикувајќи големи сообраќајни застои. Демонстранти кои бараат враќање на заложниците блокираа повеќе различни патишта низ целата земја.

На главниот приморски пат на Израел, Рута 2, во близина на ХаБоним јужно од Хаифа, демонстрантите го запреле сообраќајот во двата правци.

На автопатот Ајалон во центарот, демонстрантите запалиле метална кафезна конструкција на која пишувало „Помош“.

Протестите се одржуваат под мотото „Или договор, или погреб“.

„Нетанјаху се откажа од заложниците. Што се однесува до него, тие можат и да бидат погребани во Газа се додека тој ја задржува својата функција“, изјавуваат семејствата на заложниците кои се вклучени во протестите. ссм/

Остани поврзан